Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска информираше дека Општината ќе обезбеди по 8.000 денари за секое новороденче.

Според Стефковски оваа мерка е поддршка за семејствата и потврда дека секое дете им е подеднакво важно.

Тој ги повика сите родители кои ги исполнуваат условите да ја искористат оваа можност и да аплицираат за финансиската поддршка.

The post Општина Гази Баба обезбедува по 8.000 денари за секое новороденче appeared first on Прва Скопска ТВ.