По повод 50-годишниот јубилеј на Општина Центар градоначалникот Горан Герасимовски се освна на досегашниот развој и реализираните проекти, но и на идните планови за унапредување на урбаното живеење во централното градско подрачје.
Меѓу реализираните проекти ги издвои изградбата на градинката „Пролет“, со капацитет за 173 деца, обновата на спортската сала „Работнички“, реконструкцијата на улици и доградбата на училишта.
Покрај инфраструктурните инвестиции, општината реализирала активности за проширување на зелените површини, енергетска ефикасност и користење обновливи извори на енергија, како и програми за поддршка на учениците, младите, повозрасните лица и лицата со попреченост.
The post Општина Центар слави 50 години од основањето appeared first on Скопско ЕХО.