Општина Бутел обезбеди донација од 22.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар, како помош поради проблемите со водоснабдувањето во градот.

Од локалната самоуправа информираа дека донацијата има за цел да им помогне на гостиварци во периодот кога водата од градскиот водовод не е безбедна за пиење.

Градоначалникот Дарко Костовски упати благодарност до членовите на Советот на Општина Бутел за поддршката на иницијативата, како и до општествено одговорните компании од општината кои се вклучиле во обезбедувањето на донацијата.

„Општина Бутел презеде конкретни активности за поддршка на граѓаните на Гостивар и обезбеди 22.000 литри вода за пиење“, соопштија од Општината.

Донацијата е дел од активностите за солидарност и поддршка на граѓаните на Гостивар додека трае состојбата со ограничено користење на водата за пиење.

The post Општина Бутел донираше 22.000 литри вода за граѓаните на Гостивар appeared first on Прва Скопска ТВ.