Општина Аеродром започна акција за отстранување на хаварисани, отпадни и нерегистрирани возила од јавните површини, со цел ослободување на паркинг-местата и воспоставување поголем комунален ред.Како што информира градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, општинскиот Инспекторат, по претходно известување на сопствениците и спроведена постапка, активно ги отстранува возилата што подолг период зафаќаат јавен простор.Возилата се подигаат со помош на шлеп-служба и се транспортираат до општи