Општинската организација на СДСМ Струмица вчера ја одржа својата Изборна конференција, на која беше потврден новиот мандат на досегашниот претседател, д-р Лазо Манев, а беа избрани и новите состави на Извршниот и Надзорниот одбор на партиската организација.

На конференцијата присуствуваше и претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, кој пред делегатите и членовите ги претстави клучните насоки за понатамошното делување на партијата, со акцент на реорганизацијата на терен, подобрувањето на условите за живот и зголемувањето на животниот стандард на граѓаните.

Во своето обраќање, Манев се заблагодари за укажаната доверба и истакна дека СДСМ Струмица ќе продолжи да биде отворена за граѓаните и посветена на нивните потреби, со цел да придонесе за позитивни промени во општината.

На Изборната конференција делегатите ги избраа и новите состави на Извршниот одбор и Надзорниот одбор. Според партиското соопштение, новиот тим е составен од млади и искусни кадри, од кои се очекува да внесат нова енергија, професионализам и решителност во понатамошното работење.

Од ОО СДСМ Струмица најавуваат интензивирање на активностите на терен, постојана комуникација со граѓаните и креирање политики насочени кон развојот и подобрувањето на квалитетот на живот во Струмица.

ФОТОГАЛЕРИЈА

The post ОО СДСМ Струмица одржа Изборна конференција – потврден мандатот на Лазо Манев и избрани новите раководни органи appeared first on Radio StrumicaNet.