Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја посети Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок, по информациите во јавноста дека водата за пиење во установата не е исправна.Тој изјави дека состојбата со епидемијата во Гостивар постепено се стабилизира и дека бројот на нови пациенти значително се намалува.„Денеска се регистрирани 80 нови пациенти, што е двојно помалку во однос на претходните денови. Вкупно се евидентирани околу 4.000 заболени. Досега се поднесени 750 пријави за з