Првичните сознанија од истрагата за трагедијата во близина на Богданци упатуваат на убиство и самоубиство, информираат од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Јавен обвинител извршил увид на местото на настанот и издал повеќе наредби за обезбедување докази, со цел да се утврдат причините и сите околности под кои настапила смртта на двете лица.Од Обвинителството дополнуваат дека на 16 октомври била поднесена пријава за загрозување на сигурноста, по која веднаш започнало постапување. Во меѓувр