СДСМ преку соопштение обвини дека во случајот со загадената вода во Гостивар, Основното јавно обвинителство и надлежните институции ја ставиле тајноста на истрагата пред заштитата на здравјето на граѓаните.Од партијата тврдат дека загадувањето на водата започнало уште на 25 јуни, а институциите, наместо веднаш да преземат мерки и да ја информираат јавноста, со недели молчеле и дозволиле граѓаните да користат, како што наведуваат, фекално загадена вода. Според СДСМ, само неколку дена пред отворањ