Шумските пожари што беснеат во околината на Мадрид и во покраината Авила досега зафатиле околу 45.000 хектари, покажува најновата проценка на шпанското Министерство за еколошка транзиција и демографија.Според објавените податоци, пожарот кај Бургоондо во покраината Авила зафатил приближно 21.000 хектари и има периметар од 112 километри.Во исто време, пожарот во Вилја дел Прадо и Сан Мартин де Валдеиглесијас, во регионот на Мадрид, се проширил на околу 24.000 хектари, со периметар од 99 километри