Обвинитеката Искра Хаџи Василева, која го работи предметот против апелациониот судија Ѓоко Ристов, кој е обвинет за свесно прикривање на имотна состојба и за перење на пари, изјави дека на денешното рочиште од изведените докази се обидуваат да докажат поврзаност на случајот со поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој беше фатаен како прима поткуп, бидејќи во текот на постапката изјави дека ги земал за судијата Ристов.

-Презентиравме докази за Фехми Стафа од Апелационен суд и од зградата во која живее судијата, кој е наведен како лице кое примило или требало да прими дел од овие средства. Токму на таа тема, со оглед на тоа што ова е иста истрага и заврши со обвинение а се однесуваше на дејствијата на Фехми Стафа кој посредува со своето влијание за да прими пари за сега обвинетиот Ѓоко Ристов како тоагашен судија, изјави Хаџи Василева.

Таа објасни дека во тој контекст кога сама истрага продолжила и она што успеале да го обезбедат како доказ се делата за кои е обвинет Ристов, а тоа е перење пари и прикривање на имотна состојба.

-Не обезбедивме докази за директен поткуп, но обезбедивме докази за овие две квалификации кои се предмет на постапка и во тој процес ги изведуваме доказите кои ги тангираат Фехми Стафа, одлучувањето за Љупчо Пецов, кои судот ќе ги има предвид вкупните околности кои се дел од обвинението за паричните средства најдени кај судијата, изјави Хаџи-Василевса.

Таа објасни дека донеле и придружен видео материјал и електронски материјал во однос на делот од доказите.

-Она што беше денес главно и се однесуваше на дејствијата од претресот наоѓањето на паричните средства кои беа дел од тоа за што е обвинет Ѓоко Ристов, а овој дел за Љупчо Пецов тоа се докази со кои обвинителството сака да докаже дека одлучувал и се познавал со ова лице, изјави Хаџи-Василева.

На прашањето како ги коментира забелешките од одбраната дека се компромитирани доказите таа рече дека одбраната под плаштот на правата, ја гази границата на злоупотреба на правата.

-Но уверена сум дека судот е доволно искусен и дека нема да дозволи одбраната преку злоупотреба на своите права да ја одолговлекува оваа постапка, изјави Хаџи-Василева.

Е.Б.