Од утре, 5 ноември, клиентите на „Алта банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки, но не поседуваат платежни картички, ќе можат да подигнат готовина на шалтерите во главната филијала во Битола. Максималниот износ што ќе можат да го повлечат е 20.000 денари во период од две недели, информира Народната банка.Исплатата ќе се врши на повеќе шалтери во филијалата на улицата „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21, а услугата првенствено е наменета за пензионерите и примателите на социјална помош кои средстват