
Од сцената со „Браво бенд“ до воланот на камион во Америка: Ристе Тевдоски по 15 години сака да се врати во Македонија
Некогаш беше еден од препознатливите гласови на домашната музичка сцена, а потоа одлучи да го напушти животот што го градеше во Македонија и да започне одново преку океанот. Ристе Тевдоски, поранешниот фронтмен на „Браво бенд“, денес зад себе има приказна исполнета со големи промени, храбри одлуки и искуства што ретко се поврзуваат со животот на еден пејач.
