
Од модните писти до диплома по медицина: Елена Ѓорговска приреди спектакуларна прослава што сите ја коментираат (ФОТО)
Малкумина можат истовремено да градат успешна интернационална манекенска кариера и да го завршат еден од најпредизвикувачките факултети. Токму тоа ѝ успеа на Елена Ѓорговска, која дипломираше на Медицинскиот факултет во Скопје, а големиот животен успех го одбележа со гламурозна прослава што привлече огромно внимание на социјалните мрежи.
