На црвените теписи, на насловните страници и пред камерите, славните личности речиси секогаш изгледаат беспрекорно. Професионалната шминка, внимателно стилизираната коса, студиското осветлување и дигиталната обработка создаваат слика за совршенство која често изгледа недостижно. Но, кога ќе ја отстранат шминката, многу од нив изгледаат сосема поинаку – поприродно, со сите мали несовршености што ги има секое лице.