Полициски службеници од СВР Велес вчера вечер го уапсиле 24-годишниот Д.Р. од Велес, откако кај него биле пронајдени 193 таблети во кругот на затворот Идризово – Отворено одделение Велес.

Според информациите од полицијата, младиот велешанец бил забележан во кругот на казнено-поправната установа, при што од џебот му паднале таблетите.

Тие биле пронајдени и одземени, а Д.Р. бил приведен во полициска станица.

За случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post ОД ЏЕБ МУ ИСПАДНАЛЕ 193 ТАБЛЕТИ? Уапсен 24-годишник во отворено затворско одделение appeared first on plusinfo.mk.