Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека денес поради поврзување на старата со новата водоводна мрежа на крстосницата меѓу улиците „Софиска“ и „Петар Драганов“, ќе има прекин во водоснабдувањето во дел од Општина Карпош.Без вода ќе останат корисниците на улиците „Софиска“, „Бриселска“, „Његошева“, „Копенхагенска“, „Петар Драганов“ и „Гаврил Лесновски“.Прекинот ќе започне во 9:30 часот и ќе трае до завршување на предвидените активности за поврзување на новата водоводна мрежа.