Поради интервенција на водоводната мрежа, денеска (понеделник, 9 ноември) ќе има прекин во водоснабдувањето во дел од општина Карпош.Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека без вода ќе останат корисниците на улицата „Никола Парапунов“, на раскрсницата со улицата „Разловечка“. Прекинот ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.