
На конгресот на СДСМ беа испратени несинхронизирани пораки, а лидерот Венко Филипче дефинитивно треба да посети некој курс за ПР ако не можат неговите да му помогнат во тоа.
Ваква е оценката за вчерашниот партиски конгрес на опозициската СДСМ од политичкиот аналитичар Милан Стефановски.
– Едноставно во фокус не беа шесте столбови кои евентуално би биле реални одговори и решенија на проблемите на граѓаните. Јавноста нема увид кои се тие шест столбови и кој е бенефитот од нив за државата – вели Стефановски за „Локално“.
Аналитичарот вели дека СДСМ нема мандат ниту образ да зборува за темата со Бугарија бидејќи во нивното владеење беа потпишани Преспанскиот договор со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија кои, како што влеи тој, ја понижија Македонија.
Според Милановски, актуелната Влада има мандат од граѓаните за силен фокус на реформи и за исполнување на копенхашките критериуми како основен вредносен код за членство во Европската Унија.
Според него државата има јасен план и тоа се гледа по реформската агендиа и по финансиските бенефити кои државата ги има од Унијата.
The post ОД 6 СТОЛБОВИ НА СДСМ НА КОНГРЕСОТ НЕ ВИДОВМЕ НИШТО Филипче повеќе зборува за Бугарија отколку за социјалдемократија appeared first on plusinfo.mk.