Од 1 декември започнува примената на нови правила за одобрување боледување, со кои се скратува периодот во кој матичниот лекар може да одобри отсуство без дополнителни дијагностички критериуми. Наместо досегашните седум, тој период ќе изнесува пет дена, а за продолжување ќе бидат потребни дополнителни испитувања или специјалистички прегледи, во зависност од здравствената состојба на пациентот. […]