Државното јавно обвинителство ја следи состојбата поврзана со Алта банка, но засега не може да потврди дали ќе отвори истрага. Државниот јавен обвинител Ненад Савески вели дека институцијата ќе реагира доколку се утврдат индиции за кривично дело, но оценува дека е прерано за конкретни најави.Савески ова го изјави денеска по седницата на Советот на јавните обвинители, одговарајќи на новинарски прашања за случувањата околу Алта банка АД Битола, чиј мнозински сопственик е Алта банка АД Белград од С