
„Почнува судење не само против обвинетите, туку судење против една појава која го разјадува системот а тоа е корупцијата“, вака обвинителката Наташа Поп Трајковски ги почна воведните зборови во случајот за проневера на средствата ИПАРД програмата на ЕУ за поддршка на земјоделството.
Обвинети се Илија Стоилев, поранешен директор на Агрнцијата, Џевдет Насуфи, Амет и Фејзула Фејзула вработени во УЈП, Симона Савиќ, Вангел Наневски, Марија Цветановска Стојановска, Андријана Андрејевска Стојановска вработени во сектори за одобрување на проектите. Претходно осомничената Јасмина Костадинова го призна делото.
Вработени во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и во УЈП се сомничат за давање и примање поткуп и за давање и примање награда за да му доделат средства на поранешниот Министер за локална самоуправа и поранешен министер за правда Џевдет Насуфи да му одобрат проект за финансиска поддршка на земјоделието преку ИПАРД иако не ги исполнувал условите.
Таа рече дека обвинетите државни службеници жесто да ги штитат парите нс ЕУ и на граѓаните, тие својата службена положба ја искористиле како алатка за лично богатење.

Фото: Локално
– Имало цена за заобиколување на законот, а таа цена била 50.000 евра за потпис. Тоа не било грешка, пропуст, туку свесно кршење на законот, рече обвинителката.
Таа објасни дека поранешниот Министер ветил и исплатил дел од парите за поткуп за да добие средства од ИПАРД од програмата за поддршка 2021 2027.
– На директорот на Агенцијата му ветил 50.000 евра, а му исплатил 20.000 евра, а преку Амет и Фејзула Фејзула и Јасмина Костадинова го поттикнувал директорот да изврши незаконско дејство. Овој од примените пари им дал пет илјади евра на нив, рече обвинителката.
Таа кажа дека Стоилев се среќавал со Насуфи во Агенцијата и во угостителски објекти, се интересирал каде е на ранг листата фирмата на поранешниот Министер, и потпишал договор за доделување средства иско не ги исполнува условите, односно објасни Објасни дека му дале бодови за проектот иако не било согласно условите за доделување на поддршката.
Е.Б