Судењето против деветтемина обвинети полицајци за злоупотреба на службената положба и овластување во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжи денеска со произнесување на судијката Ленка Давиткова, за предлози на дел од одбраната во доказна постапка.
Според обвинителниот предлог, лицата не ја извршиле службената должност, не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање позитивна согласност за издавање лиценца за вршење угостителска дејност на кабаре „Пулс“ во Кочани.
Сведоци прифатени од страна на Судот, треба да бидат повикани да сведочат на 17 ноември. На 14 ноември пак, најавено е да бидат изведени материјални докази од страна на одбраната.
The post Ново рочиште за деветтемина полицајци обвинети за непостапување при пожарот во Кочани appeared first on Скопско ЕХО.