Граѓаните на Скопје пијат целосно технички и микробиолошки исправна вода, информираа утрово од Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Најновите лабораториски испитувања спроведени во текот на изминатата недела покажуваат дека сите анализирани параметри се во рамките на дозволените граници. Контролите биле извршени на повеќе мерни точки низ главниот град.

Од јавното претпријатие посочуваат дека редовно го објавуваат неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, со цел граѓаните да имаат целосен увид во резултатите од контролите.

Во периодот од 20 до 24 јули, екипите на Секторот за санитарна контрола земале примероци од различни локации во Скопје за детална проверка на физичко-хемискиот и микробиолошкиот состав на водата.

„Секторот за санитарна контрола во периодот од 20 до 24 јули зема 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје“, информираа од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Од претпријатието уверуваат дека контролите продолжуваат и во следниот период, како дел од редовниот мониторинг на квалитетот на водата за пиење.

The post Новите анализи потврдија: Водата во Скопје е безбедна за пиење appeared first on Прва Скопска ТВ.