Македонската државјанка Сашка Стојановска (46) е уапсена на граничниот премин Сукобин – Муриќани, откако, според црногорските власти, се обидела да ја напушти Црна Гора по сомнение дека во Улцињ со автомобил намерно прегазила и усмртила сопственичко куче, пренесува „Вијести“.Според информациите од Полициската управа на Црна Гора, случајот бил пријавен околу 15:15 часот од сопственикот на кучето, кој изјавил дека неговото милениче било намерно прегазено од бел „мерцедес“ со скопски регистарски та