Денес се навршуваат две години од уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад – несреќа во која животот го загубија 16 лица, а едно лице се здоби со тешки телесни повреди. Комеморативниот собир треба да започне во 11:52 часот – точното време кога се урна настрешницата на 1 ноември 2024 година.

Граѓаните се упатија кон Железничката станица од три локации: Медицинскиот факултет, паркот „Лиман“ и пристапот кон мостот „Дуга“.

На чело на поворката, граѓаните носат пет венци и транспарент на кој е испишан бројот 16.

Покрај овие три групи, се очекува да пристигне и колона мотоциклисти од Белград, како и група пешаци од Темерин, кои во моментов се наоѓаат во близина на Нови Сад. Пристигнаа и воени ветерани.

Група граѓани тргнаа од Темерин рано утринава за да се приклучат на одбележувањето на годишнината од трагедијата.

Текстот Нови Сад се сеќава на жртвите: Граѓани од цела Србија се собираат кај Железничката станица е превземен од А1он.