Општина Ѓорче Петров продолжува со инвестициите во образовната инфраструктура. Во населбата Хром денес беше поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, претставници на локалната самоуправа, наставници, ученици и родители.Со реализацијата на проектот, училиштето ќе добие осум нови училници и 770 квадратни метри дополнителен простор, со што ќе се подобрат условите за изведување на наставата и ќе се создадат предуслови за организирање едносменска настава.Од Општина Ѓорче Петров посочуваат дека ова е трето училиште кое добива доградба во период од само еден месец, што, според нив, е доказ за посветеноста кон унапредување на образовниот процес и создавање современи услови за учениците и наставниот кадар.„Продолжуваме со силно темпо да вложуваме таму каде што најмногу вреди – во децата, во училиштата и во иднината на Ѓорче Петров. Доградбата на ООУ „Димитар Беровски“ е уште еден конкретен резултат од нашата посветеност да обезбедиме подобри, посовремени и поквалитетни услови за образование“, порача градоначалникот.Од локалната самоуправа додаваат дека и во иднина остануваат фокусирани на реализација на капитални проекти, со посебен акцент на образованието, инфраструктурата и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните.Нови 770 квадратни метри за учениците во Хром: Почна доградбата на ООУ „Димитар Беровски“
Општина Ѓорче Петров продолжува со инвестициите во образовната инфраструктура. Во населбата Хром денес беше поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, претставници на локалната самоуправа, наставници, ученици и родители.Со реализацијата на проектот, училиштето ќе добие осум нови училници и 770 квадратни метри дополнителен простор, со што ќе се подобрат условите за из...
Општина Ѓорче Петров продолжува со инвестициите во образовната инфраструктура. Во населбата Хром денес беше поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, претставници на локалната самоуправа, наставници, ученици и родители.Со реализацијата на проектот, училиштето ќе добие осум нови училници и 770 квадратни метри дополнителен простор, со што ќе се подобрат условите за изведување на наставата и ќе се создадат предуслови за организирање едносменска настава.Од Општина Ѓорче Петров посочуваат дека ова е трето училиште кое добива доградба во период од само еден месец, што, според нив, е доказ за посветеноста кон унапредување на образовниот процес и создавање современи услови за учениците и наставниот кадар.„Продолжуваме со силно темпо да вложуваме таму каде што најмногу вреди – во децата, во училиштата и во иднината на Ѓорче Петров. Доградбата на ООУ „Димитар Беровски“ е уште еден конкретен резултат од нашата посветеност да обезбедиме подобри, посовремени и поквалитетни услови за образование“, порача градоначалникот.Од локалната самоуправа додаваат дека и во иднина остануваат фокусирани на реализација на капитални проекти, со посебен акцент на образованието, инфраструктурата и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните.