Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е елиминиран од турнирот „Париз Мастерс“, откако во второто коло беше поразен од Австралиецот Ринки Хиџиката. Хиџиката направи пресврт и победи со 2–1 (2–6, 6–3, 6–3) по два часа и 16 минути игра.

Ѓоковиќ убедливо го доби првиот сет, остварувајќи два брејка, но во остатокот од мечот не успеа повторно да му го одземе сервисот на противникот. Хиџиката направи по еден брејк и во вториот и во третиот сет – што беше доволно за пресврт и за остварување на една од најголемите победи во неговата кариера.

Австралиецот, кој моментално се наоѓа на 83-тото место на АТП-листата, во осминафиналето ќе се соочи со Аргентинецот Томас Мартин Ечевери.

Текстот Новак Ѓоковиќ е елиминиран од Мастерсот во Париз е превземен од А1он.