Уште една сообраќајна несреќа се случи на нелегалниот пешачки премин кај Бит Пазар, дополнувајќи ја долгата листа на инциденти на оваа локација. Во попладневните часови автомобил удрил во маж и жена додека го преминувале коловозот. Двајцата се здобиле со телесни повреди, но според првичните информации се надвор од животна опасност.На местото на несреќата интервенирале екипи на Итната медицинска помош и полицијата, кои работат на утврдување на сите околности на случајот.Граѓаните повторно побараа овој премин да биде легализиран и да се постават семафори и обележан пешачки премин, со цел да се спречат нови несреќи.Пред неколку дена беше направен обид за затворање на нелегалниот премин, но по реакциите и протестите на граѓаните, работите беа прекинати, а поставените заштитни огради беа отстранети.Жителите тогаш соопштија дека добиле уверувања оти ќе се разгледа можноста за легализација на преминот. Таквата можност ја потврди и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.Во изминатите години на ова место се регистрирани десетици сообраќајни несреќи, од кои некои завршиле и со смртни последици.Нова несреќа на нелегалниот премин кај Бит Пазар: Автомобил удри маж и жена
Уште една сообраќајна несреќа се случи на нелегалниот пешачки премин кај Бит Пазар, дополнувајќи ја долгата листа на инциденти на оваа локација. Во попладневните часови автомобил удрил во маж и жена додека го преминувале коловозот. Двајцата се здобиле со телесни повреди, но според првичните информации се надвор од животна опасност.На местото на несреќата интервенирале екипи на Итната медицинска помош и полицијата, кои работат на утврдување на сите околности на случајот.Граѓаните повторно побараа...
Уште една сообраќајна несреќа се случи на нелегалниот пешачки премин кај Бит Пазар, дополнувајќи ја долгата листа на инциденти на оваа локација. Во попладневните часови автомобил удрил во маж и жена додека го преминувале коловозот. Двајцата се здобиле со телесни повреди, но според првичните информации се надвор од животна опасност.На местото на несреќата интервенирале екипи на Итната медицинска помош и полицијата, кои работат на утврдување на сите околности на случајот.Граѓаните повторно побараа овој премин да биде легализиран и да се постават семафори и обележан пешачки премин, со цел да се спречат нови несреќи.Пред неколку дена беше направен обид за затворање на нелегалниот премин, но по реакциите и протестите на граѓаните, работите беа прекинати, а поставените заштитни огради беа отстранети.Жителите тогаш соопштија дека добиле уверувања оти ќе се разгледа можноста за легализација на преминот. Таквата можност ја потврди и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.Во изминатите години на ова место се регистрирани десетици сообраќајни несреќи, од кои некои завршиле и со смртни последици.