Успешно заврши тендерската постапка и јавното наддавање за набавка на 100 нови еколошки автобуси за градот Скопје, објави градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски.
-Ова е историски чекор кон сериозна обнова на возната флота на ЈСП „Скопје“ и почеток на нова ера во јавниот градски превоз – помодерен, почист, побезбеден и подостоинствен за скопјани. Избрана е компанијата „Икарус“, во соработка со ЕВН Македонија – објави Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека започнува десетдневниот рок за жалби, по што следуваат потпишувањето на договорот и почетокот на процесот за испорака на автобусите во Скопје.
The post Нова ера во јавниот превоз: Скопје ќе се обнови со 100 еколошки автобуси appeared first on Скопско ЕХО.