Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава.
Индиската претседателка Драупади Мурму истакна дека нејзината прва посета на државава претставува историски момент и изрази силна подготвеност за воспоставување нова динамика и зајакнување на сестраното партнерство меѓу двата народи.
Сиљановска – Давкова и Мурму се согласија дека редовниот политички дијалог и засилената меѓуинституционална соработка се клучните претпоставки за идните заеднички проекти и продлабочување на пријателството меѓу двете земји.
Претседателките треба да ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди.
The post Нова динамика во односите со Индија: Претседателката Мурму во официјална посета на Македонија appeared first on Прва Скопска ТВ.