Зголемување на студентскиот оброк на 4.500 денари месечно и воведување нов дигитален начин за користење на средствата се дел од предлозите што Владата им ги презентирала на студентските организации. За овие измени, како и за полагањето на правосудниот испит на мајчин јазик, разговарале премиерот Христијан Мицкоски и студентските претставници.Мицкоски информираше дека средбата траела околу два часа и поминала во конструктивна атмосфера. Според него, студентите го оцениле предложениот модел како п