
Русија вчера изведе напад со балистички проектили врз Киев, при што беа погодени магацини и оштетени станбени згради. Во неколку населби избија пожари, а итните служби веднаш излегоа на терен. Според првичните информации, нема повредени лица.
Нападот започна околу 22:45 часот по локално време, кога градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, извести за првите експлозии. Набрзо потврди дека руските проектили погодиле магацински објекти во населбата Дарница, на источниот брег на Днепар.
„Во Дарничкиот округ се погодени магацински згради. Изби пожар“, објави Кличко на Телеграм.
Во соседниот Днепарски округ, остатоци од проектилите паднаа во дворот на еден станбен комплекс и предизвикаа пожар. Делумно е уништена и зградата на една продавница, која исто така се запалила, но противпожарните екипи успеале да го стават пожарот под контрола.
This is Kyiv right now. Russia is still attacking https://t.co/6NtAJwarOo
— Victoria (@victoriaslog) October 29, 2026
На уште две локации од силните експлозии беа искршени прозорци на станбени згради, додека во еден од дворовите беа оштетени и паркирани автомобили.
Според информациите од градските власти, итните служби се упатени на сите погодени локации. Засега нема пријавено жртви.
Военото воздухопловство на Украина во 22:40 часот предупреди на опасност од балистички проектили кои доаѓале од правец на север.
Прво беше пријавен проектaил над Чернихивската област, кој се движел кон Киев. Неколку минути подоцна, војската објави дека кон главниот град летаат најмалку два балистички проектили, по што следуваа нови предупредувања.
Опасноста од балистички проектили заврши во 23:23 часот по локално време. Во текот на вечерта над Киевската област беа забележани и руски напаѓачки дронови.
Еден се приближувал кон источниот дел на Киев преку Бровари, додека друг подоцна се движел кон Фастив, западно од главниот град.
Ballistic attack on Kyiv https://t.co/7SpIwMzSAu
— Victoria (@victoriaslog) October 29, 2026
Само неколку часа пред нападот, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека разузнавачките служби располагаат со информации за подготовки за нови руски напади со балистички проектили.
Тој повторно ги повика западните сојузници да ги забрзаат испораките на проектили за противвоздушните системи „Патриот“, со кои Украина ги пресретнува руските балистички проектили.
Рускиот напад врз Киев следуваше по денешните напади ширум Украина во кои, според украинските податоци, загинаа најмалку 20 луѓе, а 109 беа повредени.