Екипи на Јавното претпријатие за државни патишта, во соработка и координација со службите на Општина Струмица, започнаа подготвителни активности за асфалтирање на три патни делници во општина Струмица.

Во тек е гребење и отстранување на стариот асфалт на делницата од Вељуса кон Баница, во должина од 1.457 метри, низ селото Баница, во должина од 210 метри, како и од споменикот кај Раборци до селото Попчево, во должина од 1.793 метри.

Според планираната динамика, гребењето на стариот асфалт треба да заврши во текот на викендот, а поставувањето на новиот асфалтен слој е предвидено да започне во понеделник.

The post Нов асфалт на три патни делници во општина Струмица appeared first on Radio StrumicaNet.