65-годишна жена од Скопје е уапсена откако при проверка на пакет што го донела за својот син во затворот „Идризово“, била пронајдена марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи.„На 8 ноември, околу 10 часот, било откриено при преглед на пакетот што жената го донела во затворската установа. Марихуаната била пронајдена и одземена, а во 11:30 часот полициски службеници ја лишиле од слобода Џ.Ф. (65) од Скопје“, соопшти МВР.