Двајца ирански функционери изјавија за „Њујорк Тајмс“ дека следната фаза од ескалацијата на конфликтот меѓу Вашингтон и Техеран би можела да вклучува ирански напад врз Тел Авив.

Според функционерите, доколку американскиот претседател Доналд Трамп ги оствари своите закани за напад врз Техеран и иранската инфраструктура, Исламската Република ќе возврати со напад врз Тел Авив, но исто така ќе побара од јеменските Хути да воведат поморска блокада на теснецот Баб ел-Мандаб.

За време на првата фаза од конфликтот, која започна на 28 февруари, израелските одбранбени сили учествуваа во напади врз Иран, додека Техеран испука стотици балистички ракети кон Израел.

Текстот „Њујорк Тајмс“: Иран наводно планира напад врз Тел Авив во случај на понатамошна ескалација е превземен од А1он.