
Пратеникот и екс-министер Љупчо Николовски оценува дека состојбата во земјоделството е крајно сериозна и загрижувачка и, според него, тоа е последица на политиката на власта. Според него, земјоделството не е во нивниот фокус.
-Влезот, пак, во ЕУ е единствениот начин за развој на македонското земјоделство. Нашите земјоделци ќе добијат многу поголеми директни плаќања и тоа од буџетот на ЕУ кој постојано се зголемува, големи средства за инвестиции и модернизација на фармите, а со тоа и зголемување на продуктивноста и конкурентноста. Тоа е единствениот начин зошто гледаме дека ние сами како држава немаме доволно ни за основна поддршка, вели, меѓу другото, Николовски во интервју за „Локално“.