
„Никогаш не сум се споредувала со никого, освен со себеси“: Алмедина Исмајли открива што (не) сака кај себе и која е нејзината тајна за самодоверба
Секогаш елегантна, негувана и со препознатлива насмевка пред камерите, Алмедина Исмајли е едно од лицата што лесно го привлекуваат вниманието на телевизиската публика. Но зад беспрекорниот изглед на новинарката и презентерка на вести на ТВ21 се крие многу поинтересна приказна – онаа за жената што со годините научила дека убавината не е прашање на совршени црти, туку на став, знаење и самодоверба.
