
Граѓанската иницијатива која е дел од Советот на Општина Карпош, „Независни за Карпош“ тврди дека ќе никне маркет во подземен паркинг на зграда. Според иницијативата, општинската зграда на Карпош се наоѓа веднаш позади зградата.
„Во зградата на Пуцко Петрол, веднаш до бензиската ОКТА во Карпош 3, до Лептокарија, во ПОДЗЕМНИОТ ПАРКИНГ ПРОСТОР се отвора маркетот Кипер. Добро бе, сите ли мижат или спијат на вакви ненормални работи во државава.
Општинската зграда е веднаш позади оваа зграда. За да знае јавноста, медиумите и градоначалникот на Општина Карпош, согласно член 135 став (11) од Правилникот за урбанистичко планирање, паркиралишта во склоп на зграда не може да се пренаменат.
Остануваат со намена паркиралишта се додека и градбите во чијашто градежна парцела се изградени се употребуваат согласно нивната намена“, стои во објавата на граѓанската иницијатива.
„Независни за Карпош“ велат дека ќе поднесат пријави до повеќе инспекторати и порачуваат дека не може „општината да дреме за вакви работи и да се прогласува за ненадлежна“. Бараат одговори од градоначалникот Сотир Лукровски.