Метеорологот и професор, Владо Спиридонов оценува дека последното страшно невреме што ја зафати Македонија, особено Скопје, уште еднаш ја потврди потребата од навремено предупредување, превентивно дејствување и развој на современ мултихазарден систем за рана најава, кој ќе овозможи брзо информирање на граѓаните и институциите за претстојни опасни временски и климатски појави преку современи комуникациски канали, вклучително и мобилна апликација.

Ветерот во вторникот со ураганска јачина, во Скопје достигна брзина од 130 километри на час, a во Штип 134.

Метеорологот Спиридонов по невремето: Потребно е брзо информирање на граѓаните и институциите за опасни климатски појави преку современи комуникациски канали, вклучително и мобилна апликација