Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика голема материјална штета и во Градската општа болница „8 Септември“, каде најмногу е оштетен кровот и кровната конструкција.

Директорот на болницата, д-р Синиша Стојаноски, изјави дека засега во установата не се примени повредени лица како последица на невремето, но дека првичниот увид покажува значителни оштетувања на објектот.

– Во овој момент не можеме прецизно да го утврдиме обемот на штетата. Потребно е да излезе проценител на терен и да се изготви официјален записник од надлежните институции. Според првичниот увид, најголемата штета е на кровот и кровната конструкција – изјави д-р Стојаноски.

Надлежните служби во текот на утрешниот ден ќе извршат детална проценка на штетите, по што ќе биде познато колкави се последиците од невремето врз болничкиот комплекс.

The post НЕВРЕМЕТО НЕ ЈА ПОШТЕДИ НИ БОЛНИЦАТА Огромна штета во „8 Септември“, оштетен кровот appeared first on plusinfo.mk.