Невремето кое попладнево се случи во Скопје направи голема штета во главниот град.  Оштетени автомобили, паднати кровови, откорнати дрвја, блокирани патишта, паднати семафори… ова е сликата која граѓаните ја затекнаа по силните ветришта и дождот кои го зафатија градот.

Граѓаните излегоа на улиците веднаш по невремето, а дел од нив ги расчистува своите оштетени автомобили.

Во Карпош 3, новопоставени кровови на зградите на ул. Никола Русински се откорнаа и причинија паника кај насобраните. Тие бараат одговори од надлежните како се случило ова и како е дозволено да се доведат луѓето во опасност.

Во меѓувреме до нашата редакција пристигнуваат фотографии од штетите и во другите населби. Дрво целосно уништи автомобил во аеродром, а има и паднати семафори и дрва на Водно.

В.З.