Силното невреме што вчера зафати делови од Балканот предизвика штети во Босна и Херцеговина и Хрватска.

Во близина на Бугојно гром удрил во стадо овци, а за само еден час наврнале околу 100 милиметри дожд на метар квадратен.

Во Хрватска, удар од гром предизвикал пожар во борова шума над Макарска, кој брзо бил локализиран од пожарникарите.

Во Далмација биле регистрирани силни грмежи, молњи и врнежи, но без поголеми материјални
последици.

Во Стари Град на островот Хвар, поради нагло покачување на нивото на морето, водата накратко се излеала на ривата.

The post Невремето на Балканот предизвика штети во Босна и Херцеговина и Хрватска appeared first on Прва Скопска ТВ.