Четириесет и четиригодишен работник од Кавадарци се здобил со тешки телесни повреди откако паднал при изведување градежни работи на Меѓународниот аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 8 јуни во 11:25 часот во СВР Охрид било пријавено дека при извршување градежни работи на кровот на една од зградите на аеродромот, паднал работник кој се здобил со тешки повреди.Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и утврдиле дека станува збор за З.П. (44) од Кавадарци.Повредениот бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му била укажана лекарска помош.Увид на местото бил извршен, а надлежните институции работат на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди
Четириесет и четиригодишен работник од Кавадарци се здобил со тешки телесни повреди откако паднал при изведување градежни работи на Меѓународниот аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 8 јуни во 11:25 часот во СВР Охрид било пријавено дека при извршување градежни работи на кровот на една од зградите на аеродромот, паднал работник кој се здобил со тешки повреди.Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и утврдиле дека с...
Четириесет и четиригодишен работник од Кавадарци се здобил со тешки телесни повреди откако паднал при изведување градежни работи на Меѓународниот аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 8 јуни во 11:25 часот во СВР Охрид било пријавено дека при извршување градежни работи на кровот на една од зградите на аеродромот, паднал работник кој се здобил со тешки повреди.Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и утврдиле дека станува збор за З.П. (44) од Кавадарци.Повредениот бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му била укажана лекарска помош.Увид на местото бил извршен, а надлежните институции работат на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.