Вкупно 180.000 евра се префрлени од АЛТА банка АД Битола кон Србија по 26 октомври, додека приливите од Србија во истиот период изнесуваат околу 16.000 евра. Според гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, станува збор за редовни плаќања на клиентите, а не за милионски трансфери или сомнителни одливи.Во гостувањето во емисијата „Топ тема“, Славески посочи дека Народната банка ги проверила трансакциите и утврдила дека тие се поврзани со редовното работење на клиентите, меѓу кои и мали дома