Некои парови едноставно не можат да одржат успешен брак, без разлика колку и да се трудат. Тие едноставно не се компатибилни во однос на романтичниот интерес, а на таквите им е тешко да бидат во брак во кој нема љубов и романтика. Според астролозите, ова се хороскопските знаци кои најверојатно ќе имаат тежок брак, пишува „Тајмс оф Индија“.

Овен

Овните имаат тежок карактер и се лутат на најмала провокација. Многу е тешко да се задржи Овенот смирен во тешки ситуации, особено во текот на брачни расправии. Откако конечно ќе се смират, се обидуваат да се извинат, но на партнерот тоа му станува сѐ потешко да го поднесе.

Близнаци

На луѓето родени во овој знак не им се допаѓа идејата да бидат само со една личност до крајот на животот. Освен што се зафатени со својот напорен распоред, тие тешко одвојуваат време за сопружникот, поради што се оддалечуваат еден од друг.

Девица

Девиците се исклучително фокусирани на постигнување совршенство во сите аспекти од нивниот живот, вклучително и врските и бракот. Ова предизвикува сериозни проблеми во нивниот брак бидејќи нивниот партнер се чувствува фрустриран поради тоа што мора да биде апсолутно совршен во сè.

Скорпија

Тие не дозволуваат на никого вистински да им се доближи, па дури ниту нивниот сопружник, бидејќи се плашат дека ќе ги повреди. Но, кога веќе ќе се предадат на некоја личност, не можат да се држат настрана, дури и ако тоа значи нарушување на приватноста и личниот простор. Тие се оние што сакаат да ја имаат моќта во врската.

Јарец

Јарците се големи работохоличари кои размислуваат само за својата работа и кариера. Ова многу го фрустрира партнерот кој сака да поминува квалитетно време со нив. Со Јарците може да биде многу тешко да излезете на крај.