Идните чекори во надворешната политика мора да бидат преземани внимателно и со јасни гаранции со цел реален напредок кон ЕУ – истакна Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, на вчерашното гостување во дебатната емисија „Анализа” на телевизија 24.

– Токму последиците од Преспанскиот договор и добиеното вето од страна на Франција, а потоа и од Бугарија, коешто не беше најавувано од СДСМ, напротив имавме кампања за бесплатно здравство, отворени врати кон ЕУ, бесплатни вакцини, стипенди итн., на крајот, после тој референдум на којшто дојдоа и германската канцеларка Меркел, австрискиот канцелар, британската канцеларка, тогаш Велика Британија беше членка на ЕУ – наместо отворање на преговори добивме вето – рече Милошоски.

Пратеникот Милошоски дискутираше за евроинтегративниот процес на државата и посочи дека идните чекори во надворешната политика мора да бидат преземани внимателно и со јасни гаранции, со цел реален напредок кон ЕУ.

– Поучени од ова разочарување и од ова брзоплето прифаќање на такви обврски и потоа нестигнување до целта и до доаѓање до едно разочарување во целото општество, сметаме дека не треба да се продолжи на истиот брзоплет начин по однос на преземените обврски од страна на Ковачевски и Бујар Османи кон соседна Бугарија – рече Милошоски.

 

The post НЕ СМЕЕМЕ ДА СИ ДОЗВОЛИМЕ УШТЕ ЕДНО РАЗОЧАРУВАЊЕ ОД ЕУ Милошоски вели дека идните чекори во надворешната политика не смеат да бидат брзоплети appeared first on plusinfo.mk.