
„Не прекинувајте го, ислушајте го“: Слаткар со моќна порака за пелтечењето – неговите зборови допираат до срцето
Понекогаш најсилниот настап не е оној во кој се пеат најголемите хитови, туку оној во кој од сцената се испраќа порака што останува да одекнува долго по последниот аплауз. Токму таков момент се случи на годинашниот „Макфест“, кога Слаткар наместо песна, со публиката сподели дел од својата животна приказна и упати искрен апел за разбирање кон луѓето што се соочуваат со тешкотии во говорот.
