37-годишна жена од Охрид е осомничена за одземање дете, откако не ја вратила малолетната ќерка кај нејзиниот татко во договорениот рок.

Против неа, ОВР Струга поднело кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „одземање дете“ од член 198 од Кривичниот законик.

Според пријавата, на 9 октомври 2026 година, А.А. не ја вратила малолетната ќерка во договореното време, иако детето со одлука било доверено на таткото за грижа, издржување и воспитување.

The post НЕ ЈА ВРАТИЛА ЌЕРКАТА КАЈ ТАТКОТО Охриѓанка доби кривична пријава за одземање дете appeared first on plusinfo.mk.