Очигледно продолжува преписката меѓу инволвираните страни по одлуката за казната на ФК Шкендија, која вклучува суспензија од настап во Купот на Македонија за следната сезона и изречена рекордна парична глоба од Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија.

По реакциите од клубот и од ФФМ, сега со соопштение се огласија и навивачите на Шкендија.

Популарните „Балисти“ упатија јавен повик до главниот спонзор на клубот, компанијата Еколог, како и до сопственикот Лазим Дестани, да не ја разгледуваат можноста за повлекување од клубот и да продолжат со поддршката.

Тие сметаат дека ваквите притисоци, како што наведуваат, имаат цел да го ослабат клубот и се дел од пошироки обиди што ги гледаат како насочени против ФК Шкендија.

Навивачите додаваат дека внимателно ја следат целата ситуација и дека се запознаени со случувањата околу клубот, нагласувајќи дека остануваат сконцентрирани на развојот на настаните.

The post Навивачите на Шкендија го молат спонзорот „Еколог“ да остане во клубот appeared first on Прва Скопска ТВ.