Австриската полиција откри нови детали за убиството на 28-годишна наставничка во местото Тауфкирхен ан дер Прам, при што истрагата покажала дека мотивот бил љубомора и невозвратена љубов.Првично се претпоставувало дека жртвата и напаѓачот биле во љубовна врска, но истражителите сега утврдиле дека 29-годишниот колега не бил во врска со наставничката.Според обвинителството, повод за злосторството било тоа што младата жена неодамна започнала нова емотивна врска.Убиството се случило во училишната библиотека. Напаѓачот најпрво неколкупати ја избол наставничката во пределот на вратот со предмет налик на бодеж, а потоа испукал три куршуми во нејзината глава. Оружјето го поседувал легално.По злосторството, осомничениот со автомобил се оддалечил од училиштето, а потоа со голема брзина удрил во дрво. Според истрагата, непосредно пред судирот си пукал во главата.Телото на наставничката било пронајдено откако нејзината мајка се загрижила бидејќи ќерката не се вратила дома. Кога го забележала нејзиниот автомобил пред училиштето, била организирана потрага низ објектот, по што жртвата била пронајдена во библиотеката.Австриските власти соопштија дека за учениците, наставниците и семејствата е обезбедена психолошка помош, а кризен тим веќе интервенирал во училиштето.За наредните денови се најавени дополнителни состаноци на надлежните служби за координација на активностите и поддршка на училиштната заедница по трагичниот настан.Наставничка убиена во училиште во Австрија: Колега ја застрелал поради невозвратена љубов
Австриската полиција откри нови детали за убиството на 28-годишна наставничка во местото Тауфкирхен ан дер Прам, при што истрагата покажала дека мотивот бил љубомора и невозвратена љубов.Првично се претпоставувало дека жртвата и напаѓачот биле во љубовна врска, но истражителите сега утврдиле дека 29-годишниот колега не бил во врска со наставничката.Според обвинителството, повод за злосторството било тоа што младата жена неодамна започнала нова емотивна врска.Убиството се случило во училишната би...
Австриската полиција откри нови детали за убиството на 28-годишна наставничка во местото Тауфкирхен ан дер Прам, при што истрагата покажала дека мотивот бил љубомора и невозвратена љубов.Првично се претпоставувало дека жртвата и напаѓачот биле во љубовна врска, но истражителите сега утврдиле дека 29-годишниот колега не бил во врска со наставничката.Според обвинителството, повод за злосторството било тоа што младата жена неодамна започнала нова емотивна врска.Убиството се случило во училишната библиотека. Напаѓачот најпрво неколкупати ја избол наставничката во пределот на вратот со предмет налик на бодеж, а потоа испукал три куршуми во нејзината глава. Оружјето го поседувал легално.По злосторството, осомничениот со автомобил се оддалечил од училиштето, а потоа со голема брзина удрил во дрво. Според истрагата, непосредно пред судирот си пукал во главата.Телото на наставничката било пронајдено откако нејзината мајка се загрижила бидејќи ќерката не се вратила дома. Кога го забележала нејзиниот автомобил пред училиштето, била организирана потрага низ објектот, по што жртвата била пронајдена во библиотеката.Австриските власти соопштија дека за учениците, наставниците и семејствата е обезбедена психолошка помош, а кризен тим веќе интервенирал во училиштето.За наредните денови се најавени дополнителни состаноци на надлежните служби за координација на активностите и поддршка на училиштната заедница по трагичниот настан.